Од хотел „Дрим“ презадоволни од туристичката сезона
И покрај стравувањата економската криза не остави белег во туризмот, велат од таму. Но, не беше така и за останатите туристички работници.
И покрај стравувањата економската криза не остави белег во туризмот, велат од таму. Но, не беше така и за останатите туристички работници.
Солидна туристичка сезона. Ова е оценката на О.Струга за летото кое е на самиот крај. Економската криза ја почувствуваме и ние, велат од таму.
„Евидентно беше дека оваа година, сезоната траеше само триесетина дена. Најмногу гости имавме за време на илинденските празници, само тие денови во градов беа присутни околу 20 илјади гости“, кажува секретарот на о.Струга.
„Мислам дека беше средна, нема да кажеме дека беше одлична или лоша сезона. За тоа повлијаеа временските услови но и економската криза“ истакна Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.
Ова лето, не донесе добра заработка ниту за тезгаџиите по кејот на Дрим.
Велат дека години наназат немале олку лоша заработка како ова лето.
Спротивно на овие поплаки, од хотел Дрим презадоволи од досегашната заработка. Од јануари месец па се до сега, работите во туризмот се движат во добра насока. Може да се пофалиме дека имавме одлична туристичка сезона, велат од таму.
„Иако стравувавме дека поради економската криза ќе имаме лоша сезона, сепак со добрата стратегија успеавме да го надминиме тоа“- вели Татјана Огненовска од Ад.Хотел „Дрим“.
Можеби успешноста на сезоната на тоа што се обидовме пазарите каде се намали обемот на гости кои ги изгубивме да ги надополниме со други.
Покрај традиционалните туристи што ги имаме од опкружувањето, пазарот го проширивме и во Словенија, Германија и Холандија. Израелците ни се редовни гости, кажува Огненоска.
Туристи до последното место имавме и во хотел „Београд“ и Авто камп „АС“, додава таа.