Учениците од СОУ Гимназија ,,Д-р Ибрахим Темо “, под менторство на професорот Алмир Бајрамоски на 8-ми јуни на летна сцена при Центарот за култура ,, Браќа Миладиновци ” ќе изведуваат уметничи преформанси со хуманитарен карактер.
Во рамки на годишниот хуманитарен настан под мотото „New beginnings“, музичката рубрика ја исполнуваат две групи од македонска настава и по една албанската и турската настава при училиштето.
Во ликовниот дел ќе бидат претставени дела на учениците од оваа гимназија, при што посебниот акцент ќе биде на еколошката изложба на тема рециклирање.
Настанот се одржува во соработка со Црвен крст-Струга,на кој ќе биде поставена кутија за донации, а средствата ќе бидат донирани на оние на кои им е најпотребно.
Почетокот е закажан за 19:00 часот.
Овој хуманитарен настан е поддржан од Општина Струга.