Skip to main content

И по Тито…

Три децении по смртта на Јосип Броз Тито, пресушија солизте за државникот кој беше еден од оснивачите на движењето на Неврзаните.

 |  Крсте Голабовски  | 
tito
Тито

Tito I kralicata ElizabetaТри децении по смртта на Јосип Броз Тито, пресушија солизте за државникот кој беше еден од оснивачите на движењето на Неврзаните.
Бледнеат сеќавањата за државникот од кој се простија околу 700.000 луѓе и 209 странски делегации од 128 земји од светот.
И по Тито – Тито, беше најекспонираниот и најобјавуван наслов и слоган по неговата смрт, осмислен од Титовите наследници, додека тој уште ги живееше последните денови во Љубљанскиот клинички центар. Граѓаните на Југославија тие денови живееја во своевиден транс, чекајќи ги со загриженост клиничките билтени за здравствената состојба на југословенскиот претседател. Тие со денови секоја вечер се објавуваа како прва вест, во две-три реченици, нешто како секојдневна прогноза за невремето што доаѓа. И по Тито – Тито, требаше да биде надеж, гаранција на сигурност дека продолжува вербата во Југославија како неприкосновен лидер на Југоисточна Европа и на Балканот. Тоа беше повик за самодоверба дека Југославија ќе чекори напред. Граѓаните на Југославија искрено го оплакуваа и жалеа својот претседател. И светот му оддаде голема почит. Погребот на Тито беше самит на светската политичка елита.
Јосип Броз Тито беше водач на антифашистичкото движење во поранешна Југославија. По Втората светска војна, се’ до неговата смрт, тој цели 35 години беше претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на владејачкиот Сојуз на комунистите, како и врховен командант на Југословенската Народна Армија.
Денес, 30 години подоцна, истиот наслов и слоган, и по Тито – Тито различно се чита и доживува. Ако во деновите по смртта на Тито, тоа се прифаќаше и доживуваше како верба во Југославија, денеска се доживува буквално како што пишува: И по Тито остана само името,  Тито. Југославија исчезна. Ја има само во наметнатата бесмислена референца во името на Македонија. Исчезна Титовата идеологија, остана само Тито. Дали Југославија се распадна како истрошен историски модел под притисок на повеќедецениски историски тежненија за самостојни држави или ја урнаа републичките национализми е предмет на научни проучувања. Според многу видувања, со смртта на Тито тргнаа и дезинтеграциските процеси во СФРЈ, а во годините пред распадот почнаа и критиките и дистанцирањето од неговиот лик и дело.

{loadposition content9}