И стружани масовно се иселуваат
Според анализата на здружението за мултукулрурна интеграција „Инклузија“ , пандемијата го намали процесот на миграција но анкетите покажуваат веднаш по стабилизирање на состојбите планираат да заминат во европските земји.
Сонот за поубав и посреќен живот ја празни Струга. Голем е бројот, претежно млади луѓе, кои последниви години го напуштаат родното живеалиште. Најпосакувани земји каде заминуваат се Италија, Австрија, Германија и Швајцарија. Според анализата на здружението за мултукулрурна интеграција „Инклузија“ , пандемијата го намали процесот на миграција. Но анкетите покажуваат дека голем е бројот на стружани, кои веднаш по стабилизирањето на состојбата планираат да заминат во европските земји.
„Сега имаме затишје пред бура. И сега имаме млади, кои сакаат да заминат аплицираат, контактираат со агенциите, учат германски јазик и чекаат погоден момент пандемијата да помине и да заминат“, вели Вахид Мемед граѓански активист од Здружение за мултикултурна интеграција „Инклузија“.
Иако го напуштиле родното огниште, не ја изгубилe врската со татковината. Во струшките села иселениците градат куќи, вили, хациенди ,каде доаѓаат за празниците, а тоа дава надеж дека дел од нив планираат повторно да се вратат дома.
„Не го губат иднетитетот, чувството за татквината, градат во градот Струга и во селата прекрасни куќи. Имаме голем број такви случаи во селото Велешта , кое не можеме да го третираме како село наликува на град. Тоа е еден поттик да повторнп се вратат“, вели Мемед.
Главните причини за иселувањето се економскиот стандард, ниските плати, квалитетот на живот, невреднувањето на трудот и образованието, па токму затоа заминува едуциран и работоспособен кадар.
Точен статистички податок, колку луѓе се иселиле од државата нема, Државната статистика не направила анализа. Според постојните анализи , во изминатите дваесетина години Македонија ја напуштиле помеѓу 450 и 600 илјади луѓе.