Skip to main content

Иако празници, политичарите си ја тераат политиката

Струшкиот огранок на ДУИ интензивно се подготвува за претстојните избори.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Струшкиот огранок на ДУИ интензивно се подготвува за претстојните избори.

Големи се нивните очекувања дека оваа партија повторно ќе ги придобие гласовите на граѓаните на Струга.

Струшкиот огранок на Демократската унија за интеграција со полна пареа се подготвува за претстојните избори. По изборот на прв човек на струшкиот огранок како и партиските членови на истиот, од таму се целосно посветени на кампањата за локалните и претседателските избори. Програмата на ДУИ е реална и од корист на граѓаните на Струга.

„Како и досега, нашите залагања ќе бидат во насока на добар соживот во градот“, вели претседателот на струшкиот огранок. Токму тоа, додава тој, е јавната тајна која ДУи на секои избори привлекува се повеќе гласови од страна на граѓаните.

Рамиз Мерко„Во овие 4 години успевавме да ја задржиме стабилноста на градот. Тоа ќе ни биде приоритет и понатаму, соживотот да е на високо ниво“-вели градоначалникот Рамиз Мерко.

Од ДУИ сеуште не коментираат околу потенцијаните кандидати за градоначалник на Струга. Твм неодамна објави дека досегашната пракса на оваа партија е за градоначалник да биде кандидатот кој воедно е и претседател на огранокот. Во овој случај е Рамиз Мерко. На прашањето колкави се неговите очекувања дека ќе добие уште еден мандат за градоначалник на Струга, Мерко даде скромен одговор.

„Тоа ќе го кажат граѓаните, јас можам да кажам за мојот глас а сите дуги си имаат право да избраат на кого ќе му го дадат својот глас“-истакна градоначалникот.

Мерко очекува и претстојните локални и претседателски избори да поминат во фер и демократска атмосфера, како што тоа досега било пракса за Струга.

 

{loadposition content9}