Skip to main content

Ќе има или не, нов директор на „Ибрахим Темо“

Во јавноста веќе се шпекулира дека актулениот дирекор од ДУИ,ќе биде заменет со член од Нова демократија.

 |  Колоска Билјана  | 
Ibrahim temo
Ибрахим Темо

Во јавноста веќе се шпекулира дека актулениот дирекор од ДУИ,ќе биде заменет со член од Нова демократија.

Ibrahim TemoКој ќе седне на директорското место во струшката гимназија? Деновиве оваа тема е се поактуелна. Во јавноста веќе кружат информации дека актуелниот директор на Д-р „Ибрахим Темо“, ќе биде заменет со нов, кон крајот на првото полугодие од оваа учебна година. Се шпекулира дека на директорката фотеља ќе седне член од Нова Демократија, коалициониот партнер на ДУИ од албанскиот блок партии. Во јавноста веќе наголемо се споменува името на  Џевдет Насуфи, како потенцијален кандидат за директорското место на гимназијата.
Од Нова Демократија велат дека Насуфи не е личноста која ќе директорува со Ибрахим Темо, но потврдија дека член од оваа партија ќе раководи со струшката гимназија.
Челникот на ДУИ пак,  има свој став по ова  прашање.
„Нема да има промена на директор. Муса Мусаи знам дека има уште одсвојот мандат и затоа понатаму ќе аботи како директор наоваа гимназија“-вели претседателот на ОО на ДУИ, Рамиз Мерко.

Додека по ова прашање, Мерко не сака целосно да се изјасни, високи партиски извори од Нова демократја јасно кажаа дека директорското место во гимназијата е едно од најпожелните на оваа партија.
„Ние имаме писемен договор со коалициониот партнер ДУИ и очекуваме да се реализира“-, велат од Нова Демократија. Покрај „Ибрахим Темо“ една од најприотетните раководни функции, ветени ни се и други, потенцираа од Нова демократија. Од таму очекуваат за кратко време да се реализираат.
„За другите ситуации дополнително ќе преговараме со Нова Демократија, за други места кои ќеим припаднат според коалициониот договор“-вели Рамиз Мерко.

Според блиски извори на ТВМ, коалициониот договор помеѓу ДУИ и Нова демократија се очекува да започне со реализација по конгресот на ДУИ, кој ќе биде кон средината на месец декември.
Инаку, на актуелниот директор на гимназијата оваа учебна година му е 4-тврта во неговиот мандат.

{loadposition content9}