Skip to main content

Инцидент ПЕИ-ДУИ

Синоќа, струшки активист на политичката партија ПЕИ бил насилно претресуван од активисти на ДУИ.

 |  Валентина Нелоска  | 
Struga
Струга
ТелевизијА ТВМ дознава дека синоќа во Струга имало меѓупартиски инцидент. Извор од струшкиот огранок на партијата ПЕИ го потврди инцидентот и посочи дека активист на ПЕИ бил малтретиран од неколку  активисти на ДУИ. Настанот се случил во доцните вечерни часови, кога нивниот активист бил пресретнат, насилно извлечен од возилото, при што бил вербално навредуван, а возилото било претресувано.
Од партијата ПЕИ додаваат и дека случајот веднаш бил пријавен во полиција. Официјално, за случајот ќе се огласат утре на прес конференција.

СтругаОд СВР Охрид пак, негираат  дека до нив пристигнала пријава за ваков инцидент или било каков друг инцидент, поврзан со некоја политичка пратија. На нашето прашање за причината за присутност на посебните единици на МВР во Струга, одговор добивме дека тоа е дел од тековен план за работа, одреден од порано.

За да го дознаеме ставот и на другата инволвирана страна во инцидентот, ТВМ се обиде да стапи во контакт со кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, но безуспешно.
Денес атмосферата во Струга беше мирна. Вообичаена беше раздвиженоста заради пазарниот ден. Не се чувствува никакава  тензичност по синоќешниот настан.

{loadposition content9}