Skip to main content

Информативна сесија „Фер ангажман“ во Струга за примена на Законот за работно ангажирање

Информативната сесија е наменета за фармери, работници и работодавачи, а од Општината ги повикуваат сите заинтересирани да ја искористат можноста за навремено информирање.
 |  инфодеск  | 

Во организација на Општина Струга, на 16 април (четврток) со почеток во 13 часот, во салата на Советот ќе се одржи информативна сесија на тема „Фер ангажман“.

Настанот има за цел да понуди јасни и практични информации за примената на Законот за работно ангажирање на лица, со посебен акцент на можностите и придобивките што ги нуди.

Присутните ќе имаат можност да се информираат за категориите на лица кои можат да бидат ангажирани, како и за правата и обврските на работниците и работодавачите. Воедно, ќе биде презентирана и електронската постапка преку системот е-Работа.

Информативната сесија е наменета за фармери, работници и работодавачи, а од Општината ги повикуваат сите заинтересирани да ја искористат можноста за навремено информирање.

Целта на настанот е да се придонесе кон формализирање на работните односи и намалување на сивата економија.