Skip to main content

Лица со посебни потреби тренираат со професионални џудисти

Инклузивен спорт за лицата со попреченост во Струга

Преку спорт и рекреација поголема инклузија на лицата со попреченост од Струга. Петнаесетина лица со посебни потреби од струшко докажуваат дека спортот и физичкото вежбање не се резервирани само за „здравите” лица. Три часа неделно тренираат џудо заедно со професионалните спортисти. Во нашата земја потребни се подобри услови за спорт и рекреација за лицата со попреченост.
 |  инфодеск  | 
Џудо Струга

Преку спорт и рекреација поголема инклузија на лицата со попреченост од Струга. Спортот и физичкото вежбање не се резервирани само за „здравите” лица. Лицата со инвалидитет, имаат потреба од телесна активност со програмиран напор и правилно дозирани физички оптоварувања.

Петнаесеттина лица со посебни потреби три часа неделно имаат спортски активности, тренираат  џудо, заедно со професионалните џудисти.

Џудото е особено спорт кој буди среќа и насмевки кај сите лица не само кај лицата со попреченост. Туку и кај сите џудисти. Нивната среќа и радост за нас е задоволство. Ние како тренери и цел стручен тим во клубот се трудиме максимално да им се посветиме и нив, како и на типичните џудисти. Пред се сите да бидат среќни, задоволни, здрави и успешни понатаму – истакна Ѓорѓи Стојанов, тренер.

Џудо Струга

Спортот за лицата со попреченост е од особено значење, тоа им причинува посебно задоволство. Се однесуваат сосема природно и спонтано. Се дружат и социјализираат.

Овој проект за мене има посебно значење, бидејки на лицата со попречености им дава посебна вредност дека и тие можат повеќе, можат и да спортуваат, можат и потешки спортови. Можат нешто многу повеќе да направат и да постигнат. Обично во општеството има недоверба во лицата со попречености дај им да нацрта да каже. Но со овој проект им се дава многу поголема вредност – вели Даниел Шикоски, лице со оштетен вид.

Џудо Струга

Проектот „Спорт за сите“ во Струга започна во 2020 година. Во нашата земја потребни се подобри услови за спорт и рекреација за лицата со попреченост. Задолжително воведување на модули за инклузивна/прилагодена физичка активност и спортување во образовниот процес.

Владата треба да развие национална волонтерска служба за спорт и физичка активност за лица со попреченост.

Џудо Струга

Новинар : Соња Рилковска