Инсталирани автоматски станици во Дебарското Езеро
Подводна акција за инсталирање на нови автоматски станици за рано предупредување во Дебарското Езеро.
Подновувањето на хидролошката мрежа со автоматски станици, во кое помогнаа нуркачите од клубот „Врело“, значи добивање навремени информации за хидролошката стостојба во сливот на Дрим кои се од клучно значење за создавање функционален систем за рано предупредување од ризици од поплави.
Опремата е инсталирана во координација со Електростопанство (ЕСМ), Управата за хидрометеролошки работи UHMR и УНДП во рамките на регионалниот проект за климатски отпорно управување со ризици од поплави во сливот на реката Дрим.
Проектот се спроведува во Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, а е финансиран од Фондот за адаптација Adaptation Fund и изнесува 9,15 милиони американски долари.