Skip to main content

Се интензивираат археолошките активности на струшкиот музеј

После откриените тајни на некрополота од железно време кај локалитетот „Голача“, ќе продолуваат и подводните археолошки истражувања кај локалитетот „Врбник“.

 |  Голабовски Крсте  | 
iskopina
ископина

Откриени тајните на локалитетот „Голача“ кај струшко Ташмаруништа.  Истражувањата покажале дека се работи за некропола која датира од VII, односно VI век пред нашата ера,  распространета  на сегашните приватни имоти, факт кој му даде одредена специфика на ова истражување, вели Сашо Цветкоски, директорот на НУ Музеј „Др.Никола Незлобински“. Тој објаснува дека пронајден е објект кој со тек на времето се декомпозирал, бидејќи сопствениците на приватните парцели на кои се наоѓа локалитетот ги изнесувале камењата, односно незнаејќи ги ваделе и ги фрлале.

iskopina„Што ни беше главната цел, воспоставивме една сосема јасна слика за обемот на самиот тумул. Сепак тоа е погребување каде самиот тип на самата структура и самата конфигурација на тумулот се гради со камена конструкција која беше прилично разбиена, но го фативмне и обемот и периметарот, така да тоа е еден интересн тумул кој не е единствен, што ние ќе провериме следната година на соседните парцели“ потенцира Цветкоски.

Иако наодите не се сензационални, сепак станува збор за интересни откритија кои фрлаат нова светлина на локалитеттите околу Ташмаруништа, вели Цветкоски. Додава  дека ова е вториот тумул откриен во овој регион, покрај сличен еден ваков во охридско.Инаку новооткриениот тумол во Ташмаруништа е хронолошки доказ за континуирано постоење на цивилизации од хеленизмот, римскиот и ранохристијанскиот период, за што најголеми докази се базиликата кај Св. Мартинија каде е откриен раскошен поден мозаик, како и извонредно сочуваниот римски водоводовод пронајден кај црквата Св Архангел, вели Цветкоски и најавува дека истражувањата на овој простор ќе продолжат паралелно со истражувањата на подводниот локалитет „Врбник“.

nurkac„Она се што работевме навистина беа површински наоди, кои се навистина едно големо богатство, бидејќи се работи за хронологија која се утврдува од деветти век, па се до турски период.Хронологија подолга од еден милениум. Тоа е многу интересно и ние во континуитет би продолжиле повеќе години да работиме таму бидејќи треба систематски да се истражува бидејќи методологијата и техниката е малку посложена“ објаснува директорот Цветкоски.

Цветкоски додава дека оваа година  ќе се одбележат 70 години од смртта на  Др.Никола Незлобински основачот на оваа установа, а следната година 85 години од основањето на музејот. Во подготовка е сеопфатна монографија посветена на Незлобински, која во последен момент ќе биде збогатена со новооткриени дополнителни информации најдени во старите музејски архиви.

{loadposition content9}