Skip to main content

Екологија

Исчистена дивата депонија кај Костојчини

Се исчисти дивата депонија кај Костојчини. Екипите на ЈП „Еремја“, Вевчани транспортираа 6 трактори со шут и натрупан отпад.
 |  Голабовски Крсте  | 
Депонија Костојчини

Се исчисти дивата депонија кај Костојчини. Екипите на ЈП „Еремја“ од Вевчани рачно работеа два дена, транспортираа 6 трактори со шут и натрупан отпад.

Апелирам да не се фрла повеќе отпад и да се внимава на заштитата на животната средина“ – напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина вевчани Спасе Кочовски.

Југозападниот регион имал најмногу несобран отпад за време на пандемијата и овој регион се справува најлошо во собирањето на комуналниот отпад во цела земја. Ова го покажува нашата анализа на податоците на Државниот завод за статистика за создаден и собран комунален отпад за 2020 година. Подетално, во минатата пандемска година во Југозападниот регион биле создадени 184.283 тони комунален отпад, а собрани биле само 56.370 тони. Тоа значи дека над 130.000 тони отпад останал несобран, по диви депонии загадувајќи го воздухот и почвата.

Костојчини исчистена депонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, најдобро се справил Скопскиот регион кој од над 172 илјади тони успеал да собере над 170 илјади тони комунален отпад.

Југозападниот регион го сочинуваат девет општини и тоа Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа.