Skip to main content

Изборниот процес во Струга помина во фер и демократска атмосфера

Општинската изборна комисија ги објави првичните резултати за градоначалник, советничка листа и претседателски кандидат.

 |  Билјана Колоска  | 
kutija
кутија
Изборниот процес во Струга заврши онака како и што беше очекувано. Локалните и претседателски избори во струшкиот регион иако малку комплицирани при пребројувањето на гласовите, сепак поминаа мирно.

Право на глас имаа 53 371 гласач. Во текот на вчерашниот ден, се гласаше на 76 избирачки места бидејќи изборниот процес не се реализира во 2 села, поради непристапноста на патиштата.

izboriСпоред првичните информации кои денес ги објави општинската изборна комисија, од претседателските кандидати најмногу гласови има Имер Селмани 9 999, Мируше Хоџа има 2 689, Нано Ружин 532, Ѓорѓе Иванов 5 233, Љубе Бошкоски 2 831, Агрон Буџаку 5 250 и Љубомир Фрчкоски 3 376. Од градоначалничките кандидати Менди Чура 5 151, Фијат Цаноски 7 335, Рамиз Мерко 9 162, Славко Котески 7 021 и Џевдет Насуфи 1 328 гласови. Од советничките листи носителот на листата на ЛДП, Сретен Бандоски има 907 гласови, Абдула Ќазимоски од Нова Демократија 2 532, СДСМ чиј носител е Александар Попоски има вкупно 3 626, ДУИ односно Џеваир Беќири 8 315, партијата ПОДЕМ и Науме Кутаноскис има освоено 540 гласови, Сурија Рашиди носителот на листата на ДПА има 4 799 додека ПЕИ чиј носител е Мирсад Мемишоски има вкупно 3 364 гласови. Овие податоци се неофицијални кои ги објави општинската изборна комисија.

{loadposition content9}