Skip to main content

Избрзана седница

Јазичното прашање неможе да се протурка на мала врата. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не ги почитува највисоките државни акти, обвинуваат од струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Билјана Николоска  | 
сednica
седница

sednicaНе е испочитуван рокот за свикување на 25 тата седница на Советот на општина Струга. Ваков е ставот на дел од струшките советници. Бројните забелешки на советниците за низа недостатоци со кои се соочуваат за време на седниците не изостанаа ниту овој пат. Најголем револт кај македонскиот блок политички партии предизвика 5 тата точка од дневниот ред, Нацрт-Статут на општина Струга. Координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Јулијана Узуноска, побара одлагање на оваа точка, за да не се направи политичка злоупотреба и оваа точка да се протурка низ мала врата, од што дирекно ќе се наштети на граѓаните.

Јазичното прашање е доста дискутабилно и треба да се направи компарација со останатите општини, рече Сретен Бандоски од ЛДП. Тој додаде дека се приклучува кон ставот на ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи на ова поле се кршат копја во државава.

Сосема сигурен и одговорен пред законот, во врска Нацрт – Стратутот на општина Струга, застана градоначалникот Рамиз Мерко. Според него ништо не се менува освен што се дефинира јазикот на националноста која што живее во Струга.

Сурија Рушити, советникот од ДПА рече дека општинскиот Статут е објект на манипулација за собирање на партиски политички поени. Додека пак советникот од Нова Демократија, Хинор Кица, рече дека статутот мора да се донесе ваков каков што е бидејќи во сите општини каде што има 20% албанци во статутот стои оти службен јазик е албанскиот. Опомените на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ не допреа до претседателот на Советот. Поради непостапување по нивно барање оваа точка да се одложи за друга седница, тие ја напуштија и не ја следеа 25 тата седницата.


 {loadposition content9}