Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца
Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните Општина Дебрца отпочна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”.
Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните Општина Дебрца отпочна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”.
Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и друго.
Од проектот досега е реализирано:
-зафаќање и регулација на атмосферските води на две улици во село Мешеишта,
-премостување со армирано бетонски цевки на три локации на водотеци во село Лактиње,
-изградба на канал со метална решетка на улица во село Врбјани,
-изградба на канал со метална решетка на улица и поставување на бетонски цевки по одводен водотек во село Оздолени,
-премостување на локален пат Сл.Чифлик – Слатино,
-премостување на локален пат за село Сливово,
-премостување на улица во село Песочани и на пат село Песочани – Радомирово,
-изградба на канал со метална решетка, бетонски пропуст во село Брежани и санација на мост на пат село Велмеј-село Брежани,
-санација на мост на улица и изградба на пешачки мост и бетонски пропуст на водотек во село Оровник,
-поставување на бетонски цевки преку бразда за наводнување на полски пат во село Лешани.
Вкупната вредност на изведените работи изнесува 1.596.000 денари без ДДВ, а средствата беа обезбедени од Буџетот на општина Дебрца.