Skip to main content

Излезноста во Струга до 15часот е 22.76% на претседателските и 28,38% на парламентарните избори

Мирен изборен ден и во Струга. Сите избирачки места биле отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми, информираат од Општинската изборна комисија. Излезноста на претседателските избори во струга до 15 часот 22.76 отсто додека на парламентарните 28,38 отсто.
 |  инфодеск  | 

Во општина Струга гласањето се одвива тековно , без поголеми технички проблеми и без нарушувања на процесот. Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани. Излезноста до 15 часот е 22.76 отсто отсто на претседателските и 28,38 отсто на парламентарните избори.

„ Од граѓани немаме никакви поплаки. Оние кои согласно изборен законик , ако не биле запишани а имаат право ако имаат легитимни документи да се запишат , веќе од првиот круг е постапено согласно изборниот законик и имаат акти со кои им е дозволено правото на глас. А поплаки во однос на техниката немаме некои поголеми освен утрото оние технички кои се очекувани меѓутоа со помош на тимот на ДИК и ИТ тимот во нашата ОИК се веднаш решени и гласањето се одвива непречено.„ – информира Деспина Влаќеска – заменик претседателка на ОИК Струга

Гласањето и во општина Вевчани се одвива непречено и во најдобар ред. Во Вевчани на 3те избирачки места од 2701 избирач до 15 часот за претседател гласале 49,42 отсто а 49,40 % за парламентарните.