Во Општина Струга гласањето гласањето се одвива тековно, без нарушувања. За парламентарните избори во Струга до 11 часот излезноста е 9 отсто, додека за вториот круг од претседателските 6,32 проценти.
Во Вевчани до 11 часот гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список. Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале и за претседател и за пратеници, информира претседателката на ОИК Вевчани, Менче Кукоска.