Центар за култура Браќа Миладиновци
Изложба на дела од годишна ликовна работилница
Во сабота и недела, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга ќе се одржи изложба на дела од годишна ликовна работилница, Улцињ-Црна Гора.
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” Струга, во сабота со почеток во 18 часот ќе се одржи изложба.
На изложбата ќе бидат претставени дела од годишната ликовна работилница од основните училишта која се одржува во Улцињ, Црна Гора.
Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Центарот за културата.
Во недела, изложбата е закажана со почеток во 17 часот.


