OOУ „Ашим Агуши“ – Радолишта во соработка со периферните училишта на селата Франгово и Заграчан , Здружението за грижа за лица со посебни потреби ЦФДК- Струга како и групата на децата од курсот LuzzArtgallery вчера организираа изложба со тема „ Сите деца се уметници “ во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци„ во Струга .
На изложбата беа претставени 100 дела, цртежи, слики , релјефи и макети изработени од 46 деца .
Креаторот на изложбата Лузе Мустафа на отворањето на изложбата им се заблагодари на директорот на ООУ Ашим Агуши – Шефи Ценка , директорот на Центарот за Култура Браќа Миладиновци-Струга: Николина Велкоска Глигороска , директорот на ЦФДК-СТРУГА: Бурим Мемети, Американското Катче -Срyга , соработниците Канарина Азизи, Фиола Даути , родителите и нагласи дека целта на ова изложба е да се даде можност на сите деца да го изразат нивниот талент , идеи , емоции , имагинација , и да имат можност да ги погледнат и цртежите од другите деца и споделување на нивните искуства .
Директорот на училиштето Шефи Ценка му се заблагодари на сите учесници и им честита за учеството на воспитувачите и децата за убавите дела. Директорот нагласи дека секогаш е поддржувач на вакви активности и во следните активности ќе бидат вклучени исто така и ученици од други основни училишта.
Директорката на Центарот за Култура „Браќа Миладиновци„ Николина Велкоска Глигороска во нејзиниото обраќање ги пофали организаторите и учесниците во изложбата и потенцира дека Центарот за Култура во Струга секогаш е отворен за вакви настани и во иднина.
На крајот беа доделени сертификати за учесниците во изложбата.