Skip to main content

Извршена првата „КЕЈЏ“ операција

Современ оперативен зафат на вратен пршлен со вградување на заменик на меѓупршленски диск. Околу 15 пациенти годишно ќе можат да ги почувствуваат благодетите од овој оперативен зафат. Во светот ваквата операција чини околу 30 000 евра.

 |  Билјана Николовска  | 
Sv.Erazmo
Св. Еразмо

zamenik diskСовремен оперативен зафат на вратен пршлен со вградување на заменик на меѓупршленски диск. Околу 15 пациенти годишно ќе можат да ги почувствуваат благодетите од овој оперативен зафат. Во светот ваквата операција чини околу 30 000 евра.

„КЕЈЏ“ оперативниот зафат, за прв пат во Македонија. Овој современ хируршки зафат неодамна се изврши во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид. Станува збор за операција на вратен `рбет со вградување на „КЕЈЏ“, замена на меѓупршленскиот диск. Оваа операција се врши во случај кога ткивото меѓу вратниот пршлен излегува од своето лежиште и оди во правец на нервите при што прави компресија. При вакви нарушувања на вратниот `рбет симптомите се различни: главоболка, вртоглавица, трпки по рацете и друго. Со цел да се следат светските современи текови во медицината, овој оперативен зафат го донесовме кај нас вели директорот на Специјалнта болница „Св. Еразмо“, д-р. Митко Тилевски.
Првата интервенција на „КЕЈЏ“, изведена е како заеднички проект меѓу неврохирургија Скопје и болницата „Св. Еразмо“. Д-р. Митре Милошески како главен на стручниот медицински тим за оваа операција вели, дека заокружена е целата линија за извршување на еден ваков зафат со сета потребната апаратура.

Tilev i MiloshevskiД-р. Милошески ги појасни и деталите за овој современ оперстивен зафат. Тој вели дека ова е рутинска операција која во западните земји започнала да се применува уште во 2004-тата година.

Од вградување на „КЕЈЏ“ имаат потреба пациентите со симптоми на вратен дискус. Досега пристапот за лекување на пациентите со овој проблем најчесто е конзервативен, со физикална и медикаментозна терапија, вели Милошески.  Во светот забележано е дека од 2-7 % пациентите се лекуваат со ваков оперативен зафат, иако огромен е бројот на пациенти кои ги имаат симптомите на вратниот дискус, додава Милошески.
{loadposition content9}