Општина Струга организира јавни консултации со спортските клубови и граѓанскиот сектор

Спортските клубови и граѓанските организации ќе имаат можност да дадат свои предлози и забелешки за новите општински програми и правилници.
Општина Струга организира јавни консултации со спортските клубови и граѓанските организации, со цел нивно активно вклучување во креирањето и унапредувањето на општинските програми и правилници.
Консултациите со спортските клубови ќе се одржат на 1 октомври 2026 година, со почеток во 14:00 часот, во Салата на Советот на Општина Струга.
На средбата ќе се разговара за новата Програма за спорт, Правилникот за спорт, како и за концептот за „Спортист на годината“.
Ден подоцна, на 2 октомври 2026 година во 14:00 часот, во Салата на Советот на Општина Струга ќе се одржат јавни консултации со граѓанските организации.
Теми на консултациите ќе бидат новата Програма и Правилникот за невладини организации.
Документите за јавните консултации се достапни на веб-страницата на Општина Струга, на македонски и албански јазик.




