Skip to main content

Министер за образование и наука

Јетон Шаќири во посета на струшките школи

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во посета на струшките основни и средни училшта. Најави целосна реконструкција на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и ги пофали средните училишта од соседна Струга како образовни установи кои со средства од сопствениот буџет успеале да реализираат голем број инфраструктурни зафати за подобрување на условите за одржување на настава.
 |  инфодеск  | 
Ибрахим Темо

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга, ќе биде целосно реконструирано, најави денес при посетата на училиштето, Министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Министерот е оптимист дека работите за целосна надворешна и внатрешна рекоснтрукција на  основно училиште ќе започнат овој месец. Моментално се чека одобрување на економскиот оператор за да се започне со реализација на овој голем проект. Тој исто така ги посети и средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“.

И училиштето „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“ се добри примери како да се менаџираат средните училишта, каде со сопствените буџети има реализирани капитални инвестиции во соработка со локалната самоуправа. Имав можност да видам целосно внатре реконструирани училишта – истакна Шаќири.

Јетон Шаќири

Министерот Шаќири информира дека во текот на наредните денови ќе оствари работни средби со претставници од Министерството за финансии и Министерството на економија, со цел да се направи координација за да се изменаџира енергетската криза со електричната енергија со која се соочуваат и образовните установи. И директорката на Средното Општинско училиште „Ибрахим Темо“, Бесиме Јонузи, вели дека се мобилизираат сите човечки и финансиски реусрси, за да се надмине кризата.

Имаме преземено мерки и после ребалансот на буџетот на Општина Струга имаме со пренамена плус додатни средства за електрична енергија и нафта за греење. Секако дека и ние ќе бидеме дел од таа соработка со МОН за да се изменаџира ситуацијата со енергетската криза – вели Јонузи.

Бесиме Јонузи

Покрај проблемите кои ги наметна енергетската криза и Ковид кризата, Министерот за образование дециден, наставата со физичко присуство останува како единствена опција.

Ибрахим Темо