Skip to main content

Јованчо Мечкароски е нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Струга

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, го именува Јованчо Мечкароски за нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“
 |  инфодеск  | 

Општина Струга официјално ја информира јавноста дека Јованчо Мечкароски е именуван за нов директор на Јавното Претпријатие „Водовод и Канализација“, Струга.

Од општината информираат дека Мечкароски е магистер по банкарски финансии и менаџмент, со професионално искуство повеќе од 10 години работа на раководни позиции. Во текот на својата кариера, тој претежно бил ангажиран во организирање на работните процеси, управување со тимови и зголемување на институционалната ефикасност, покажувајќи силни организациски и менаџерски способности и додаваат дека именувањето доаѓа како дел од заложбата за зајакнување на раководните капацитети на јавните претпријатија и за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните.

-Воедно, изразуваме посебна благодарност до досегашниот вршител на должноста директор, Меџаит Јусуфоски (Менде), кој во текот на овие два месеци на чело на институцијата оствари извонредни резултати. Со својата посветеност и професионален пристап, тој успеа да ги удвои приходите од фактурирање на услугите, овозможувајќи за краток период да се постигне она што со години не било реализирано. Му посакуваме на Мечкароски успех на новата функција, со уверување дека неговото искуство и професионализам ќе придонесат за модернизација, зголемување на ефикасноста и континуирано подобрување на услугите за водоснабдување и канализација во нашиот град, се вели во соопштението од Општина Струга.