Skip to main content

ЈП „Комунално“ штрајкува

Денеска вработените излегоа на штрајк. Неисплатените 11 плати и односот на менаџерскиот тим на претпријатието, ја прелеа чашата на толеранција.

 |  Николоска Биљана  | 
vraboteni komunalno
вработени комунално

Се ниша фотељата на Петко Кутаноски. Поголемиот дел од работниците денес прекинаа со работа и штрајкуваа барајќи ги своите права. Крајно револтирани велат дека не можат повеќе да издржат без пари и без сини картони, бидејќи сметките се таложат, а со тоа ги трпат и санкциите како што е исклучување на струја, а има и такви кои поради неплатената кирија можат да останат на улица. Дел од нив не сакаа јавно да коментираат пред нашата камера, но кажаа дека директорот лично им се јавувал и им вршел силен притисок, па дури им се заканувал дека ќе ги избрка од работа, доколку излезат на штрајк.
„Екрем Максути  работник во ЈП „Комунално“, вели:

„Jас кога отидов во Управа да барам плави картони, директорот ми рече треба да одите кај синдикатот кај Борче да барате плави картони. Јас му објаснав дека Борче не е директор ти си директор. Јас неможам дома немам пари леб да јадам ми ги задржаа на болница“.

Претседателот на синдикатот Борче Мижимакоски, вели дека доста е од преговори, лажни ветувања и потпишување на договори, од кои досега тие немале никакво фајде. Додаде дека пред него стојат клучните луѓе на фирмата, кои го поддржуваат синдикатот и си ги бараат заостанатите плати и сите ускратени права. Мижимакоски категоричен дека простор за компромис нема и вели : „Решени сме да одиме до крај, или ние или директорот. Со него ние завршивме со преговори. Ние преговараме три години, повеќе не сметаме со човек со кој не можиме да се договориме да преговараме. Тој неможи да исполни ниту едно наше барање. Наискрено ова, мене телефонот до 3 на полноќ сношти ми звонеше од страна на работници кои го поддржуваат синдикатот во сите барање. Значи не мобинг, него уцени притисоци од невидени размери. Ако го интервјуирате него тој  ќе ви каже не, но работниците сами ќе ви кажат низ какви трауми поминуваат. Значи не се бираат средства  сите работници можат да потврдат дека се зема пари од наплатната служба, од благајна, во кеш, јас незнам какви се законите во оваа држава кога фирмата функционира врз база на тендери жиро сметки на сите тие работи и легалното плаќање преку банкарски трансфери. Се турива гориво никој не поднесува сметки како се врши тоа“.

ramiz merkoГрадоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој е запознат со целата состојба смета, дека мора да се решат проблемите во ова претпријатие. Признава дека најголемиот проблем лежи во неисплатените плати за кои работниците претходно веќе тужеле и добиле на суд. Мерко вчера на состанок ги соочил синдикатот и директорот, но директорот се оградувал од сите укажувања и забелешки посочени од страна на претставниците на синдикатот.

„Но секој има свои права и синдикатот има свои права. Јас после им укажав дека и морално е ако повеќе од 50% од вработените стапат во штрајк или повеќе од 50% од вработените се против работата на директорот на ЈП морално е да директорот гио преиспита своето место во претпријатието. Тоа важи за секоја висока позиција и на локално и наЦентрално ниво“.

Но за една работа струшкиот градоначалник не беше информиран. За заканите и притисокот од страна на директорот за што посебно реагираа вработените од ова ЈП.

{loadposition content9}