Skip to main content

ЈП „Водовод и канализација“ – Струга со повик за легализација на нелегалните водоводни приклучоци

ЈП „Водовод и канализација“ – Струга ги повикува граѓаните кои имаат нелегални приклучоци на водоводната мрежа да ги пријават и легализираат, во спротивно најавува законски мерки за прекршителите.
 |  Маја Савиќ  | 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга упатува јавен повик до сите граѓани на Општина Струга кои имаат изведено нелегални приклучоци на водоводната мрежа, да се пријават во просториите на претпријатието со цел нивно евидентирање и легализација.

Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да ја искористат оваа можност и да го регулираат статусот на своите приклучоци, согласно важечките законски процедури и прописи.

Во спротивно, против сите лица кај кои ќе бидат утврдени нелегални приклучоци, како и против лицата кои учествувале во нивното изведување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки, согласно Законот за водоснабдување и одведување на урбани отпадни води.

Контролите на терен и откривањето на нелегалните приклучоци ќе се спроведуваат во соработка со Министерството за внатрешни работи, односно Полициската станица Струга.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга апелираат до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и правилно да ги користат јавните услуги, нагласувајќи дека одговорноста за заштита и одржување на водоводната мрежа е заедничка.