Skip to main content

Во Југозападниот регион најбројни се микро претпријатијата

Планските региони преку проектни активности можат да помогнат во приватниот сектор да се зголеми економската ефикасност, а со тоа да се привлечат нови домашни и странски инвестиции како и тоа да се креираат нови работни места.

 |  Николоска Биљана  | 
jugozapaden region
југозападен регион

99% микро претпријатија во кои се вработени не повеќе од 10 вработени се најбројни во Југозападниот плански регион, изјави раководителот на Центарот за развој на ЈПР Мирјана Лозаноска.  Таа нагласи дека се организираат работилници со цел преку проектните активности да се дадат насоки на приватниот сектор за зголемување на економската ефикасност, а со самото тоа да се привлечат нови домашни и странски инвестиции, да се креираат и нови работни места како и да се подобри животниот стандард на луѓето.

jugozapaden region„Тоа ќе го направиме преку неколку клучни активности, денес ќе започнеме со изработка на програма за развој на средни и мали претпријатија за југозападниот плански регион заедно со комуникациска стратегија и акциски план, водич за инвестирање во регионот и интерактивен веб портал. Додека  серија од 6 работилници со една 7 ма завршна на која ќе ги презентираме резултатите во тек на тие работилници ќе работиме на теми кои се битни за приватниот сектор особено ќе посветиме внимание на делот, можности за финансирање на проекти на приватниот сектор од домашни и странски донатори но и за потенцијалите на регионот“ – вели Лозаноска.

Претставниците на приватниот сектор задоволни се од една ваква иницијатива а посебно занаетчиите кои најчесто бројат само еден вработен и тешко се справуваат со останатите работи кои ги бара приватниот сектор.

„Добро е вака да се собираме со претставниците на Владата, бизнис секторот, да комуницираме меѓу себе секогаш од тоа нешто произлегува некои информаации, каде може ние да се едуцираме за некои измени во законот, за нови поволности кои ги нуди државата што ќе придонесе за развој на нашите бизниси“ – изјави Александар Крстев од регионалната занаетчиска комора Охрид

jugozapaden regionАнализа на потенцијалите на регионот за развој на малите и средни претпријатија и предлози за економски развој на регионот даде Лазар Неданоски, претставник на македонската развојна фондација за претпријатија.

„Денес зборуваме во основа за два аспекти за развој на мали и средни претпријатија, институционален и другите пазарни можности кои им стојат. Во однос на првата работа разгледуваме аспекти кои се битни за развој на МСП како институции сами за себе кои функционираат во одредено опкружување, додека во втората разгледуваме пазарни сегменти како туризам, трговија, индустрија градежништво во кој овој регион би можел да има одредени конкурентски предности“ – нагласи Неданоски.
 
Претпријатијата имаат капацитет но можностите се секогаш поголеми од она што се користи, вели Неданоски. Тој категоричен дека со една добра самоорганизираност потенцијалите можат да се користат повеќе. Денес во Струга се оддржа првата од серијата на 7 работилници од проектот „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности, услуги за поддршка на приватниот сектор“.

{loadposition content9}