Skip to main content

ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга и ЈЗУ Општа Болница Охрид ги ставаат на располагање своите ресурси за настраданите во Кочани

ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга се става на располагање со сите ресурси за настраданите во Кочани.
 |  инфодеск  |  ,
Нефрологија Струга

ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга информираат дека со сите свои ресурси се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

Во нивното соопштение изразуваат длабоко сочуство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа.

И од ЈЗУ Општа Болница Охрид изразуваат сочуство до фамилиите и ја нудат нивната целосна поддршка – медицинска, психолошка и човечка. -Нашиот тим е подготвен да помогне секому што има потреба, велат тие.