Кај струшките партии не проработи свеста
Овој пат на удар беа спомен обележјата на борците поставени по кејот на Дрим.
И покрај ваквите алармирања сепка очигледно е дека политичките партии и понатаму си тераат по свое. Ако графитите ги нанесуваат токму тие, тогаш сериозно треба да се превземат мерки против нив, велат од струшката организација на СДСМ.
Ваквите вандалски чинови будно се следени и од комуналните инспектори при општина Струга.
„Доколку надлежните на лице место видат дека поединци, симпатизери или партиски членови, поставуваат плакати или цртаат графити по било кој објект, тогаш истите ќе бидат веднаш санкционирани. Казната изнесува 50 евра“-кажува комуналниот инспектор Трифун Танески.
Политичките плакати можат да се поставуваат на билборди и објекти наменети за рекламирање на политичките партии, но во никој случај не на државни места а уште помалку културни обејежја, вели Танески. Досега комуналните инспектори не изрекле казни, приватните лицата и политичките партии само се предупредувани усно.
{loadposition content9}