Skip to main content

Кајакот во Струга пропаѓа

Очајна е состојбата на Кајакарскито Клуб „Црн Дрим“, Струга. Клубските бараки пропаѓаат од забот на времето, речиси и да нема приод до езерото од нараснатата и густа трска. Тоа се должи на негрижа и не работа на екс раководствата на овој клуб кои години наназад го туркаа во проапаст овој некогашен врвен спортски клуб. За состојбата со кајакот некогаш и денес зборува Ристе Чурка, кајакарот кој своевремено но и денес е познато име во овој спорт.

 |  Николоска Биљана  | 

Кога се зборува за кајакот во Струга, секој стружанец ќе ви го посочи Ристе Чуркоски. Овој некогашен врвен кајакар кој цела своја младост ја посветил на овој спорт во клубот „Црн Дрим“ од Струга, со голема носталгија опишува како некогаш струшките кајакари се дружеле, спортувале и не ретко се радувале на високо постигнатите резултати на бројните регати од републички, државни и светски првенства.

„Во тоа време во овој клуб изгледаше малку поинаку, нормално е и нешто да застари но не и да не се одржува. Уште поголема е трагедијата што во тоа време имаше деца од сите возрасти ако кажам 100 сигурно ќе ве излажам, за илустрација само ќе кажам дека во тоа време кајакарскито клуб долг период од неколку години пријавуваше по три екипи од сите категории и секогаш првите места беа резервирани за нашиот клуб“ – вели Чуркоски.
 
Од неодамна односно од пред 4 месеци струшкиот кајакрски клуб има ново раководство, информира Чуркоски. Состојбата која ја наследило полоша не би можела да биде, без деца такмичари, без чамци, се било уништено, вели Чуркоски. Тој додаде дека за жал никој за тоа не сносил никаква одговорност бидејќи клубот не бил во ничија сопственост, тој клуб бил на градот и според него сите заеднички треба да се грижат за средствата и објектот. Но сепак Чуркоски не се откажува така лесно од неговата лична заложба да направи нешто за овој клуб.

„Постои можност за помош на клубот од странство во основни средства, во чамци и друга опрема, ергометри,  обновување на објектот, комбе, приколка за чамци, значи комплетна опрема онаа која што на запад секој клуб ја поседува, додека пак кај нас само сонуваат за такава опрема. Една таква понуда им дадов со услови кои што не бараат ништо од нив само минимални отстапки“– нагласува Чуркоски.

Како што појасна Чуркоски понудата за странската донација лично ја доставил до новиот претседател на клубот и членовите на извршниот одбор, но веќе две недели не добил никаков одговор. Тој вели дека фрапиран е од игнорантски однос на раководството кон оние што сакаат да му помогнат на клубот без некаква возврат и смета ако тоа продолжи, за брзо време кајакот во Струга ќе го достигне дното. Инаку кајакот во Струга има 7 децениска традиција. Хангарите кои се изградени во седумдесетите години се на само едно метро од езерската вода, но за жал денес и тоа место е запуштено. Од тука влегуваат само малкумина ентузијасти кои сами на своја рака тренираат за да ја претстават Струга на светските натпревари во кајак.

{loadposition content9}