Како лисицата со опашката
Жителите на улицата „Едвард Кардељ“ повторно се кренаа на нозе. На улицата се постави чакал, колку градоначалникот да ни ги замачка очите, велат тие.
селани

Жителите на улицата „Едвард Кардељ“ повторно се кренаа на нозе. Улицата сеуште е горлив проблем за граѓаните во селото Мислешево. ТвМ по иницијатива на селаните, информираше за овој проблем уште во декември минатата година. Тогаш, мештаните од Мислешево се пожалиа со кои проблеми се соочуваат за време на зимскиот период. По извесно време, односно пред изборите, по улицата се постави чакал, но со тоа не се реши проблемот на граѓаните. Сега, во летниот период имаат поголема мака.
„Сега, пеш да поминеме се креваат облаци од прашина а камо ли некое возило да се движи по патот. Неподносливо е“-вели Мартин Симиџиоски, жител на улицата „Едвард Кардељ“.
За проблемот со нашата улица веќе не знаеме кај кој да се обратиме, велат граѓаните. Никој нема слух за нашите барања, а ние не сме доволно моќни сами да направиме нешто, додаваат тие. По кој знае кој пат, излез повторно побаравме кај првиот човек на Струга, раскажуваат жителите на Мислешево.
„Јас сам бев кај градоначалникот. Му кажав дека редно е да ни ја асвалтира улицата. Вети дека од септември може да очекуваме“-вели Крсте Милошоски.
Ништо подобра не е сотојбата и со другите улици низ село Мислешево. Сите се раскопани и прекриени со прашина, велат жителите.
Минатата година асвалтиравме 3 улици во централалното подрачје на Мислешево, ќе се интервенира и на останатите низ селото, ветува градоначалникот Мерко.

{loadposition content9}
Доколку и понатаму ова е само празно ветување на градоначалникот, граѓаните најавуваат дека ќе свртат нов лист.
„Ние може да ги блокираме патиштата и да неможе мува да прелета а камо ли да помине возило, но тоа не е начин да се реши проблемот“-вели Мартин Симиџиоски.
ТвМ и понатаму ќе ја следи состојбата со оваа улица, и ќе информира за новите моменти.