Капка крв, за некои малку, но за некои живот
Пред новогодишните и Божиќните празници струшкте социјал демократи организираа крводарителска акција во соработка со Центарот за нефрологија и општа болница Струга.
крв
Драгоцента течност за некој доаѓа во вистински момент. Струшките социјалдемократи пред престојните новогодишни и Божиќни празници организирано даруваа крв. Болничките легла во собраниската сала во Струга, беа премалку за сите заинтерсирани крводарители кои упорно чекаа ред за да даруваат крв. Одзивот на граѓаните уште на стартот на акцијата е на задоволително ниво, рече Александар Попоски претседателот на СДСМ Струга.
Големината и значењето на гестот на дарување крв најдобро ја познаваат докторите. Тие сметаат дека никогаш не е доста од шишиња на крвни единици, бидејќи во болничките установи во градот тоа се смета како една од насушните потреби за спасување на живот.
Стружани навистина се покажаа како големи хуманисти во поглед на поддршка на крводарителските акции. Повеќето од нив се повеќекратни дарители и подготвени се секогаш да одговорат кога е потребно.
Денес целото струшко раководство на СДСМ даруваше од најскапоцената течност, сметајќи го тоа како поттик ваквите акции да станат пракса. И не само сдсмовците од Струга, во акцијата се вклучија и останатите граѓани на општината. Акцијата е оценета како повеќе од успешна, а денешните крвни единици за пациентите значат живот.
{loadposition content9}