Ќе има ли чисти сметки во струшкото Комунално?
Од месец мај, од кога протестиравме па до денес состојбата речиси воопшто не е променета, вели првиот човек на синдикатот.
„Ова е единствен начин да излеземе од оваа состојба очигледно и најреален предлог. За среќа оваа инцијатива е подржана и од директорот“-вели Борче Мижимакоски, претседател на Синдикат.
Твм дознава дека договорено е сите вработени да добијат иста плата, односно најниска, околу 8 илјади денари. Од директорот па се до последниот вработен заостанатите плати да бидат во ист износ, кажува директорот на Комунално. Ќе се обидеме на секој можен начин да ги обезбедиме платите, додава првиот човек на претпријатието.
„Претпријатието во овој месец дена е во преговори со повеќе министерства и со основачот односно Општина Струга. Се надеваме дека ќе ги обезбедиме финансиските средства за да им ги исплатиме парите на вработените“- вели директорот Кутаноски.
Овој начин на исплата на заостанатите плати вработените го подржуваат во целост. Потпишаната спогодба истекува, мора да прифатиме соодветен начин за да си ги добиеме платите, вели Мижимакоски.
Ова е прва иницијатива на синдикатот од кога јас сум на директорското место, вели Кутаноски. Ќе настојуваме да го надминеме овој горлив проблем. Ќе повлечеме црвена линија за да заборавиме какво претпријатие вило Комунално во минатото. Сакаме од него да направиме современа фирма која вешто ќе се справува со проблеми и предизвици, потенцира директорот.