Skip to main content

Алтернативен туризам

Ќе се обележуваат велосипедските патеки на Јабланица и Караорман

На Јабланица и Караорман ќе се мапираат и обележуваат велосипедските патеки. Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите. Велосипедската култура во земјава последните години доживува подем, а интересот за планински велосипедизам енормно расте во светски рамки.
 |  инфодеск  | 
Велосипедизам

Ќе се обележуваат велосипедските патеки на Јабланица и Караорман. Планините во Југозападниот регион во земјава нудат безгранични можности за развој на алтернативен туризам.

Величествените глетки го запираат здивот, возвишената убавина на планинските села со автентична архитектура плени воздишки, а изобилството ендемична флора и фауна едноставно ги воодушевува посетителите.

Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите.

Се залагаме за мапирање на патеките на Jабланица, Kараорман, Галичица. Нивно обележување за да е полесно странци и оние кои не се наши членови кои што сакаат да возат да може слободно да не се загинат. Имаме огромнa поддршка од локалната власт и мислам дека заедно ќе го реализираме тој проект – вели Душко Шутиноски од Здружението „Рупикапра МТБ“ Струга.

Се повеќе расте интересот кај туристите особено странците за планинарење и планински велосипедизам, воедно и посета на културно историските споменици и локалитети. Со тоа заживува локалната економија во планинските села.

Оваа година немавме снег и немавме застој во планинскиот велоиспедизам. Странците се многу заинтересирани токму за овој дел од Македонија за возење велосипеди. Имаме најави за гости од Босна, Косово, Албанија, Холандија исто така се многу заинтересирани за планински велосипедизам и планинарење – вели Шутиноски.

Велосипедската култура во земјава последните години доживува подем, а интересот за планински велосипедизам енормно расте во светски рамки.

Новинар : Соња Рилковска