Ќе се реконструира нефрологија во Струга
Ќе се реконструрира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Објектот е изграден во 1984, а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати, реконструиран е само покривот. Потребни се поголеми инвестиции за подобрување на условите, за што се добиени 350 илјади евра од Швајцарската амбасада.
Според проектот болницата ќе добие и фотоволтаици и централно снабдување со кислород.
Го добивме проектот од Швајцарската амбасада и министерството за локална самоуправа на РСМ, околу 350 000 евра за реконструкција и комплетно реновирање на делот од Холидеј дијализа. Комплетно реновирање на дограма онаму каде што немаме сменето, подови, операциони сали – додава д-р Попоски.
Во специјализираната болница за нефролошки заболувања Струга недостига медицински персонал. Нема доволно медицински сестри, болничари и хигиеничари.
Недостасуваат хигиеничарки, дел од медицински персонал медицински сестри и болничари. Заради одлив односно заради пензија и вработувањата одат споро, се надевам министерството за здравство ги знае овие проблеми и очекуваме во најбрзо време да објави оглас на нови шест медицински сестри – вели д-р Александар Попоски директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.
Во струшката болница за нефрологија има доволно лекари специјалисти и субспецијалисти, а обновени се и сите апарати за дијализа.
Новинар : Соња Рилковска