Наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Шопев Мост“ до Здравствен дом во Вевчани.
Се молат сите кои имаат потреба од вклучување на водоводна и канализациона мрежа, истото да го направат во текот на извршувањето на земјените работи, односно пред асфалтирањето – информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.