Градежни активности
Ќе се реконструира ул. Шопев Мост во Вевчани
Од Општина Вевчани упатуваат апел до сите кои имаат потреба од вклучување на водоводна и канализациона мрежа, истото да го направат во текот на извршувањето на земјените работи, односно пред асфалтирањето.
Наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Шопев Мост“ до Здравствен дом во Вевчани.
Се молат сите кои имаат потреба од вклучување на водоводна и канализациона мрежа, истото да го направат во текот на извршувањето на земјените работи, односно пред асфалтирањето – информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.


