Кејот на Дрим се полни со маси и столчиња
Стружани се противтоа, кејот на Дрим да биде зафатен со летна опрема.
столици
Комуналните инспектори најавија дека дено-ноќно ќе ја следат состојбата и нема да дозволат угостителите да го прекршуваат правилникот за поставување сезонска опрема.
Струшките угостители ги извадија масите и столчињата. Сезонската опрема е поставена по целиот кеј на реката Црн Дрим. Иако одлуката за поставување на летната опрема сеуште не е одобрена од советот на о.Струга, угостителите на своја рака ги поставија масите и столчињата.
Иако наизглед се чини дека има многу летна опрема по кејот на Дрим и истата ја попречува нормалната комуникација, искуството од претходните години не го покажува тоа, вели секретарто на општина Струга.
Кон средината на месец мај струшките советници треба да ја изгласаат одлуката за поставување на урбана опрема по градот. И годинава, администрацијата при Локалната Самоуправа има речиси идентичен нацрт план за поставување на маси и столчиња. По формирањето на новата комисија за јавни и комунални дејности има право да го дополни истиот. По се изгледа, летово кејот на Дрим, кој е најпосакуван потег за поставување сезонска опрема, ќе биде целосно зафатен.
Поставување на летна опрема ќе им биде дозволено само на оние угостители кои гравитираат во близина на бараната локација, предупредуваат од општина Струга.
{loadposition content9}