Ќе се дислоцира сметот од струшката дива депонија
Отпадот од општина Струга во натамошниот период ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а сегашната дива депонија ќе започне да се затрупува и ќе биде спроведено нејзино култивирање соодветно на неопходните еколошки стандарди“, информираат од Владата на Република Македонија.
„Согласно одлуката од 17-тата седница на Владата на Република Македонија, завршена и постапката за решавање на проблемот со депонијата во Струга. Отпадот од општина Струга во натамошниот период ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а сегашната дива депонија ќе започне да се затрупува и ќе биде спроведено нејзино култивирање соодветно на неопходните еколошки стандарди“, се наведува во соопштението.
Од владата исто така информираат дека спроведена е постапка за решавање на проблемот со дивата депонија и во општина Тетово. Со постапката за јавна набавка што заврши во петокот, избрана е компанијата „Голец Транс“, која понудила најдобри услови согласно критериумите на огласот за јавна набавка за извршување услуги за дислоцирање на сметот од депонијата во Тетово.