Коалицијата Заедно за Струга се надева на фер избори во недела
Најверојатно тогаш и конечно ќе се знае кој ќе ја добие довербата на граѓаните, Владимир Кочоски заедничкиот кандидат на здружената коалиција или Зијадин Села од ДПА.
Трета среќа. Задоволни сме од одлуките на Уставниот суд и очекуваме регуларен изборен процес, изјави претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски. Како што нагласи тој, третиот изборен круг воопшто не е за занемарување и може да има влијание врз конечниот изборен резултат за тоа кој ќе биде прв човек на општина Струга.
„Она што сакавме да и го предочиме на јавноста за нерегуларностите во изборниот процес во Струга конечно излезе на виделина, Упрвниот суд пресуди во полза на вистината, така да се надеваме на трет изборен круг и ќе победи подобриот но на регуларен начин. Исто така задоволни сме од местата каде што треба да се прегласува“.-рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски.
Петкоски и покрај тоа што е благодарен од одлуките на Управниот суд околу избирачките места каде што треба да се прегласува, тој смета дека според нивните забелешки требало да има прегласување и на други места. Петкоски ги посочи местата каде изборниот процес ќе се изведува по трет пат.
„Ќе се прегласува на три места во градот 2 места во Октиси, две во Подгорци и едно во Боровец, во Лабуништа нема да има прегласување“-вели Петкоски.
Според информациите од канцаларијата на здружената коалиција „Заедно за Струга“, на сите девет избирачки места каде ќе се прегласува, вкупниот број на гласачи е речиси 7.500. разликата во гласови помеѓу кандидатот на ДПА Зијадин Села и Владимир Кочоски во вториот изборен круг изнесуваше околу 5.500 гласови, во корист на Села.
{loadposition content9}