Skip to main content

Кочоски: Затворениот базен, врвен приоритет

Заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга, д-р Владо Кочоски, оддржа прес конференција пред најголемата руина во општината, затворениот пливачки базен. Тој вети негова реконструкција, како би можело да се врати пливањето преку цела година во градот, а не само во лето.

 |  Николоска Биљана  | 
bazen
базен

Една деценија и повеќе, затворениот пливачки базен е најгрдата слика во Струга. Место за кое со право може да се каже дека е руина, депонија, дувло на наркомани и локација за снимање на хорор филмови. Точно од тука струшкиот кандидат на „Сојузот за Струга“, д-р Владимир Кочовски порача.

kocoski„Денеска се наоѓаме пред руинираниот затрворен пливачки базен во Струга, место каде што пред неколку години се оддржуваа врвни спортски манифестации. Од 2002 та година ова место се наоѓа во состојба која и вие ја забележувате. Младите пливачи своите активности ги одржуваат само во летните месеци, каде се врши обука на над 100 деца како пливачи така и непливачи и тоа кај отворениот базен на пливалиште. И затоа еден од врвните приоритети е да го вратиме детскиот џагор на ова место и пливањето да заживее во градот“.

Кочоски убедува дека реконструкцијата и изградбата на нов пливачкиот базен е најмалку што тој како иден градоначалник на Струга ќе се залага да направи. Во неговата програма има многу поглавја за развој на спортот.

bazen„Согласно со програмата во наредните 4 години ќе изградиме едно повеќенаменско спортско игралиште кое ќе биде ставено на располагање на сите граѓани на Струга, за спортување за рекреирање и натпреварување. Ќе ги изградиме тениските игралишта за нашите млади таленти“.

Дванаесет години воопшто не е посветено внимание на затворениот пливачки базен во Струга. Никој не се нафатил да направи нешто да се спаси од пропаѓање и од ова на што денес наликува ова место. Покрај тоа што му е одземена душата на овој спортски објект, истиот претставува опасност и по безбедноста на луѓето. Затоа преостанува да веруваме на зборовите на заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојуз за Струга“, д-р Владимир Кочоски, дека уредувањето и реконструкцијата на затворениот пливачки базен ќе му биде приоритет, доколку тој стане идниот татко на Струга.

{loadposition content9}