Skip to main content

Кој ќе победи од 8 те кандидати на СДСМ од Струга?

Листата на 8 кандидати за пратеници на СДСМ од Струга, во рацете на лидерот Бранко Црвенкоски. Тој ќе избре еден од нив. Вчера струшките социјалдемократи, одржаа општинска конференција.

 |  Билјана Николоска  | 
SDSM
СДСМ

Aleksandar PoposkiВо Струга готова листата на можни кандидати за пратеници од редовите на СДСМ. До 2 Мај ќе се знае кој од 8 те предложени кандидати на општински ниво, ќе се бори за пратеничката позиција. Актуелниот претседател Александар Попоски рече дека во крајно демократска постапка каде што биле доставени предлозте направен е реален избор.

Попоски, иако не беше пред него листата на кандидати за пратеници од Струга, кажа кои се имињата. Едно од нив треба да добие амин за понатаму од страна на нивниот лидер Црвенкоски. Меѓу нив се Александар Попоски, Илија Мацески, Александра Нестороска, Даме Ложанкоски, Николина Велкоска, Јован Митрески, Робертино Ристиќески,  Љубица Мижимакоска

Критериумите за предлог на кандидатите и не се баш едноставни. Пред се многу предиспозиции треба да ги исполнуваат идните кандидати за пратеници. Треба да се афирмирани личност во градот, да имаат еден политички бекграунд, стаж во партијата и да биде задолжително член на СДСМ.

 

 
{loadposition content9}