Skip to main content

Кривична пријава

Кокаин пронајден кај жител на Албанија

Жител на Албанија фатен со кокаин во Струга. Против него е поднесена кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Кокаин

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Прењас, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При преглед извршен на 12.04.2022 година во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.