Skip to main content

Колекција на ѕвонци

Тоа е мало национално богатство кое дава белег на еден живот и минато време кое не се враќа, вели колекционерот на ѕвонци, Вангел Наумоски. Тој во населбата Мислешево струшко, во поткровјето на својата куќа изложил 150 примероци. 

 |  Биљана Николовска  | 
zvonec
Ѕвонец
Vangel NaumoskiТоа е мало национално богатство кое дава белег на еден живот и минато време кое не се враќа, вели колекционерот на ѕвонци, Вангел Наумоски. Тој во населбата Мислешево струшко, во поткровјето на својата куќа изложил 150 примероци.  

Скопскиот, големиот, елбасанскиот, рушениот, рајчкиот, се имиња на ѕвонци. Тие се сместени во куќата на поткровјето на Вангел Наумоски, кој секој ден со огромно задоволство и нескриени страсти ги гледа, 3 – 4 пати. Наумоски кажа дека ѕвонците го потсетуваат на времето од неговиот татко, кога во родното место, селото Мали Влај, струшко, одгледувале добиток, околу 500 кози и овци. Наумоски се сеќава и раскажува уште од времето на неговата десет годишна возраст. Законот во 1948 год за поништување на кози многу ги оштетил. Погубувањето на добитокот, за неговото семејство било како откинување на дел од телото, вели соговорникот. Желбата за колекционерство на ѕвонци му се родила уште од тогаш.
Наумоски вели дека има околу 150 ѕвонци од кои повеќето се негови. Има и такви кои некој му ги подарил, пред се неговите роднини и блиски, кои знаат за оваа негова пасија. Меѓу ѕвонците има примероци од Франција, Шпанија, Турција, Албанија и Швајцарија. Наумоски кажа дека ѕвонците за него се од непроценливо вредност и не можат да се купат со пари.
Голема желба на Наумоски е еден ден да ги изложи пред јавноста на Охрид и Струга и да ги регистрира како трајна вредност, национално богатство, белег на едно време.
Оваа колекција на ѕвонци сеуште јавно не е експонирана. Нашиот медиум денеска, ексклузивно ја имаше таа чест. Наумоски вели дека планира бројката на ѕвонци да достигне до 500, и секако апелира до сите кои имаат ваков примерок, доколку сакаат да застане на вистинското место, да му го понудат. Наумоски сеуште нема наследник од неговото семејство кој покажува афинитет за да го продолжи неговото дело.

{loadposition content}