Колку чинат новогодишните пакетчиња за струшките советници
Годинава Струга за Новогодишните празници ќе светне. За таа намена определени се буџетски средства во висина од 600 000 денари. Но за новогодишните празници добра сума на буџетски средства во висина од 800 000 за дочек на Новата 2013 година ќе поделат и струшките советници. Охридските советници пак немаат земено осум месеци паушал.
За градот 600 000 денари, а за советниците 800 000 денари. Советот на општина Струга на последната седница даде зелено светло за искористување на средства во висина од 1 400 000 илјади денари само за Новогодишниоте празници. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко уште пред да се изглсаат точките кои се однесуваа за овие средства ги поддржа советниците.
„Сигурно ние сме дале предлог ќе видиме што ќе одлучи советот и што ќе побараат советниците тоа ќе го направиме се надевам дека ќе има добро расположение“-вели Мерко.
Двете предлог барања беа на претседателот на Комисијата за организирање на манифестации Љуљзиме Зулали, која со ребалансот на буџетските средства на општината за 2012 побара стопроцентно зголемување на средствата за украсување на градот од 300 000 на 600 000 денари, како општината не би била мизерна за новогодишните празници. А исто така и средства во висина од 800 000 илјади денари за дочек на 2013-та за членовите на Советот на општина Струга. Зголемувањето на средствата наменети за украсување на градот секако дека ќе го подигнат расположението на граѓаните за време на новогодишните празници. А дека расположението на струшките советници ќе биде на ниво со новогодишно пакетче од близу 500 евра за секој, не се сомневаме. На една ваква предлог одлука би се радувале и охридските советници. Но за жал во охридскиот Совет сликата е поинаква. Неодамна советничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска посочи дека се доцни во исплаќањето на паушалиите дури 8 месеци.
„И на тој начин преку запоставување на исплатата на паушалиите се сака да се намали улогата на советот, што е неоправдано, бидејќи се зголемуваат расходите на другите несуштествени активности“-смета Дамоска.
Е па според ова не е исто да си советник во Струга и Охрид. Како и да е буџетските средства се пари на народот и треба да се искористуваат наменски и оправдано.
{loadposition content9}