Колку е Мерко заинтересиран за развојот на Струга и зошто не аплицира на јавиот повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти?

Вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера се доставени до архивата на Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Од нив, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.
Општини кои воопшто не аплицирале заклучно со вчерашниот датум се и Струга, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Липково, Пробиштип, Валандово, Росоман, Боговиње, Врапчиште, Маврово Ростуше, Теарце, Дебар, Битола, Крушево и Долнени.

Во вториот јавен повик предвидени се околу 250 милиони евра за капитални и инфраструктурни проекти во локалните самоуправи. Во однос на временската рамка за завршување на проектите од ресорното министерство посочуваат општините сами ги одредуваат роковите во тендерските постапки.
Перински упатува апел до сите локални самоуправи да ја искористат оваа можност и да го запазат законски предвидениот рок за пријавување кој согласно одлуката на Владата е 30.04.2025 година.