Skip to main content

Комуналците од Струга зедоа 1 од 7-те плати

Наскоро Претпријатието ќе излезе од финансиската криза, ветува првиот човек.

 |  Билјана Колоска  | 
kosilica
косилица
Вработените во Јавното Комунално претпријатие во Струга денес забрзано ги извршуваат своите обврски. По неколку дена пауза, во знак на револт поради заостанатите неисплатени 7 плати, ја бојкотираа работата. Во текот на вчерашниот ден, директорот на Ј.П Комунално, на вработените им исплатил само една плата, согласно претходно постигнатиот договор. Другата  плата вработените ќе ја добијат во текот на следната недела, кажува првиот човек на Комунално.

kosaciТој вели дека веќе има план како да се исплатат и другите заостанати плати. Единствено, излез од финасиската криза, директорот гледа само доколку  Ј.П Комунално средствата ги обезбеди со кредит од банките.

“Во моментов има заостанати 6 плати. Во иднина, другите плати вработените ќе ги добиваат по една заостаната и една од  редовна“-вели директорот Ваљон Џила.

Тој  ветува оти проблемот со финансиската криза набрзо ќе го реши, но во меѓувреме Струга треба да биде постојано чиста, додава Џила.
 

 

{loadposition content9}