Skip to main content

Конечно „решение“ за „Нико Нестор“

Јазични смени во „Нико Нестор“ се воведуваат од 11-ти март.

 |  Билјана Колоска  | 
Niko Nestor
Нико Нестор
Се најде решение за горливиот проблем во „Нико Нестор“. Од утре, учениците македонци кои веќе три недели ја бојкотираа наставата, се враќаат во училишните клупи. Во периодот до 11-ти овој месец, наставата ќе се следи во мешан состав, додека потоа  ќе се воведат јазични смени. Оваа е компромисното решение кое синоќа е донесено и истото прифатено од страна на инволвираните во случајот со „Нико Нестор“.

„Во училиштетото имаше состанок по барање на градоначалникот. На него присуствуваа родители, професори македонци и албанци, училишниот одбор и директорот на „Нико Нестор“ и успеавме да најдеме заедничко решени“-вели директорката Маре Савеска.

Иако градоначалникот како и Локалната самоуправа цврсто стоеше на ставот дека во училиштето не се добредојдени јазични смени, сепак после многуте преговори компромисното решение беше прифатено. Велат попуштиле во ставот бидејќи најважно за нив е децата да се вратат на настава.

Niko Nestor„Нека се воведат јазични смени, па од први септември штом се изгради ново училиште тогаш поимотјазични мсени нема повеќе да постои“-истакна Џејми Хајредини, раководител на  одделението за образование.

Тој вели дека неопходно било во моментов да се најде решение бидејќи проблемот со „Нико Нестор“ се повеќе добивал политичка димензија.
Хајредини додава дека  политичките партии наместо да се занимаваат со изборите тие ги злоупотребуваат случувањата во „Нико Нестор“.

Меѓу другото ваквото решение предвидува во „Нико Нестор“ да се комплетира и педагошко-психолошката служба во училиштето. Да има заменик директор албанец, по еден психолог и педагог и 2-ца редари.

 

 

{loadposition content9}