Конститутивна седница на струшкиот Совет
Одржана првата конститутивна седница на струшкиот Совет. На 25 советници од страна на надлежната комисија им беше веривициран 4 годишниот мандат. Струшките советници и официјално ја дадоа и потпишаа свечената изјава со која се обврзуваа да ги бранат граѓанските интереси.
Струшките советници ја одржаа првата конститутивна седница. На самиот почеток екс претседателот на Советот, Џеваир Беќири ја предаде својата должност на најстариот советник од новиот состав Мустафа Забзун, да ја води седница со три точки на дневен ред. Беше избрана верификационата комисија во состав Абдула Ќазимоски претседател, Ристо Ќушкоски и Фитни Далипи членови на верификационата Комисијата. Забзун советникот на ДПА рече дека се наоѓаат пред еден нов почеток, од каде треба да ја оправдаат довербата која граѓаните им ја дадоа на Локалните избори 2013.
„Денеска сите ние членови на советот дадовме свечена заклетва дека ќе работиме во интерес на градот во согласност со сите законски нормативи. Посакавме успешна работа. Составот брои 27 членови, во моментот беа присутни 25 советници а двајца беа оправдано отсутни“.
На конститутивната седница имаше низа забелешки кои ги воочија советниците. Забелешките главно од македонскиот политички блок се однесуваа на тоа што Свечената изјава беше прочитана само на албански јазик, без симултан превод, а советниците очекуваа истата да биде прочитана и на македонски јазик што не беше испочитувано.
„Некои посебни забелешки немаше, освен оние од технички карактер на крајот, така да мислам дека се беше во ред и седницата протече добро. Забелешките повеќе беа кулоарски не во официјалниот дел од состанокот. Во интерес на сите нас очекувам успешна работа на идниот Совет“.
На седницата присутен беше и првиот човек на градот Зијадин Села. Исто така присутни беа и дел од раководителите на општинските сектори како посматрачи.
{loadposition content9}