Skip to main content

Контрола на охридските и струшките аптеки

Аптеките во охридско-струшкот регион повторно под засилена контрола од страна на инспекторите од Бирото за лекови и одделението за инспекциски надзор.

 |  Валентина Нелоска  | 
apteka
аптека

Аптеките во охридско-струшкот регион повторно под засилена контрола од страна на инспекторите од Бирото за лекови и одделението за инспекциски надзор.
aptekaПод лупа  дали се почитува Законот за лекови. Директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев е задоволен од работата на охридските аптеки.  
Охрид има добро организирана фармацевтска служба и е добро снабден со медикаменти, а не се откриени сомнителни лекови вели Захариев. Сето тоа гарантира добро здравје на Охриѓани додава првиот човек на Бирото за лекови.  Охрид како туристочки центар  нема аптеки кои работат 24 часа, па  Захариев, најавува стимуалции за аптеките кои ќе работат нон – стоп, барем во текот на летната сезона.
Примариус, Захариев е задоволен и од работата на нивните инспектори. Најавува скоро вработување и на регионален  инспектор и во Охрид.
Во Македонија има 798 аптеки, а во текот на една година Бирото за лекови  направило 2625 контроли во нивната работа. Од 348 редовни контроли на квалитетот на лекови по случаен избор на земени мостри од аптеките сите покажале висок квалитет кои одговараат на стандардите пропишани од Европската Фармакопеја  истакнува директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев.

{loadposition content9}