Компанијата ICS SISTEMI, задолжена за одржување на уличното осветлување во Струга, најавува засилени контроли на електричната мрежа во наредниот период, соопштија од Општина Струга.
-Контролите ќе бидат насочени кон откривање на нелегални приклучоци во дворови и приватни објекти. Секое неовластено приклучување ќе биде санкционирано согласно закон, со можност за покренување кривична постапка за злоупотреба на електрична енергија, посочуваат од општината.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат прописите и да придонесат кон безбедно и ефикасно функционирање на системот за јавно осветлување.